Македонските граѓани се меѓу најразговорливите по телефон во Европа, покажува анализата на турската државна новинска агенција Анадолија, според која Македонија е на четвртото место со просечно користење мобилен телефон по жител од 234 минути месечно во четвртиот квартал од 2023 година.
Неприкосновен европски лидер е Турција со 477 минути по жител месечно, а пред Македонија се само уште Норвешка со 377 минути и Хрватска со 322, а веднаш зад македонските корисници на мобилната телефонија се Исланд со 180 минути и Чешка со 167.
Македонија во овој поглед е многу блиску до европскиот просек од 239 минути по жител месечно.
За споредба, во Германија просекот е 153 минути по лице во наведениот период минатата година.







