Македонија тема на грчкиот „Национален совет за надворешна политика“

За време состанокот на грчките парламентарни партии кој се одржал вчера во Атина а на кој владата информирала за преговорите за Кипар во Кран Монтана  шефот на грчката дипломатија најавил дека за Македонија ќе се разговара на посебен состанок на грчкиот „Национален совет за надворешна политика“ во следниот период.



Коѕиас ги отфрлил обидите на некои од политичките лидери на состанокот посветен на Кипар да се разговара за прашањето за името и најавил дека за неколку дена ќе се сретне со медијаторот Нимиц.

Заинтересирани за спорот за името биле лидерите на Неа Демократија Киријакос Мицотакис и министерот за одбрана Панос Каменос, лидер на „Независни Грци“ кои што предупредиле дека СИРИЗА не смее да отстапи од грчките црвени линии за името договорени во 1996 година.

Националниот совет за надворешна политика, е формиран во 2003 година и е дел од грчкото МНР. Се работи за советодавно тело на владата кое што расправа, предлага или анализира прашања од надворешната политика. Расправите во ова тело не се објавуваат во јавноста.

Читај и за најавата за брзо враќање на Нимиц во регионот

Пресврт во преговорите за името – Нимиц се враќа на Балканот