Република Македонија е избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации. Гласањето се смета за отворена поддршка од земјите членки на ОН и потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.
Со 168 гласа „за“, Република Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Во својата објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски нагласи дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство.






