Македонија стана дел од извршното тело на OPCW, првата честитка дојде од САД

Македонија стана дел од извршното тело на Организацијата за за рана на хемиските оружја (OPCW).



Првата честитка за членство во Извршниот совет на оваа организација дојде од САД, односно од американската амбасада во Скопје.

,,Честитки за Северна Македонија што беше избрана во Извршниот совет на OPCW! САД со нетрпение очекуваат да соработуваат со вас за да се спречи употребата на хемиско оружје, да се елиминира во светот и да се зајакне Конвенцијата за хемиско оружје”, стои во пораката од американската амбасада во македонските власти.

Вкупно 193 држави се членки на OPCW и посветени на Конвенцијата за хемиско оружје. Вкупно 98% од глобалното население живее под заштита на Конвенцијата. Досега докажано се уништени 100% од залихите на хемиско оружје декларирани од државите поседувачи. Проблем остануваат капацитетите кои можат да произведуваат хемиско оружје и непријавените хемиски залихи.

Мени за подножје
Правни