Унгарскиот премиер Виктор Орбан им дава предност на Македонија, Србија и Црна Гора во однос на Украина во поглед на зачленувањето во Европската унија.
„Србија, Црна Гора и Северна Македонија утре би можеле да се приклучат на ЕУ, што ќе донесе огромни економски придобивки за сите страни. Брисел ги игнорира, наместо тоа ѝ дава приоритет на Украина. Ова не само што е непромислено, туку и опасно. Ние нема да се залагаме за тоа!“, порача Орбан во интервју за унгарско радио.






