Македонија со помала поддршка за ЕУ од сите 28 земји-членки

Ако се вкрстат податоците од анкета на Регионален совет за соработка (РЦЦ) и од истражувањето „Специјален Евробарометар“ нарачано од Европска комисија, Европска унија во Македонија ужива помала поддршка споредено со сите 28 земји-членки.



Според РЦЦ, на чии податоци се повика Роза Балфур од Германски Маршалов фонд (ГМФ) за да предупреди дека расположението во земјава за членство во ЕУ драматично паѓа, поддршката на граѓаните на Македонија за тоа годинава е само 54 проценти или дури 30 отсто помалку споредено со 2011 година.

Македонските 54 проценти се за четири отсто помалку од Грција и од Чешка, чии граѓани се на дното меѓу членките на ЕУ со позитивен став за Унијата. Не е многу подобро расположението ниту во Велика Британија, каде што позитивно на Унијата гледаат само 59 отсто од граѓаните.

Литванија е на врвот со 91 отсто граѓани со позитивен поглед на ЕУ, зад нив е Данска со 89 отсто, Холандија со 87 отсто итн.

Во просек, 75 проценти од граѓаните на Европска унија позитивно гледаат на неа.

Истражувањето „Специјален барометар“ беше спроведено од 23 септември до 2 октомври и е седми извештај во рамките на серијалот „Иднината на Европа“.