Со просечна плата од 381,90 евра во октомври, Македонија е на последното место меѓу шесте републики на поранешна Југославија.
Убедливо на врвот е Словенија со 1.056,47 евра, пред Хрватска со 795,53, Црна Гора со 511, Босна и Херцеговина со 436 и Србија со 396,29.
Во однос на растот на просечната плата во текот на 2017 година, пак, Македонија со зголемувањето од 18,10 евра е четврта меѓу шесте земји.
Најголем раст е остварен во Хрватска од 45,83 евра, следува Словенија со 36,07, па Србија со 26,59, а зад Македонија се БиХ со 8,13 и Црна Гора со 8.
Според податоците на Државен завод за статистика, просечната плата во Македонија во октомври изнесува 23.356 денари, а просекот за првите десет месеци е 22.808.





