Уште аедна мизерна игра и убедлив пораз на Македонија од 3:0 против Хрватска, која ги реализира сите три удари на македонскиот гол во пријателскиот натпревар во Риека.
Дефанзивецот Ловро Маер два пати ја погоди мрежата на Столе Димитриевски во првото полувреме, прво од слободен удар во 10. минута, вториот на истекот од првото полувреме, а точка на резултатот стави Марко Пашалиќ во 79. минута.
Следен испит за расштимуваниот оркестар на селекторот Благој Милевски е дуелот со уште еден учесник на претстојното Европско првенство, Чешка, на 10 јуни од 18 часот во Храдец Кралове.






