Македонија преку Кипар одмаршира до четвртфиналето на јуниорското ЕП (Б) во кошарка

Четири од четири за машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години, која го разби Кипар со 102:61 во СРЦ „Кале“, по четвртини 24:13, 17:16, 33:14 и 28:18, и уште пред утрешниот последен дуел од групата Ц го обезбеди првото место и пласманот во четвртфиналето.



Стефан Стојковиќ со 20 поени (6/7 за два) и 5 украдени топки е најефикасен во македонскиот состав, но најкорисен беше Марко Луканоски со 17 поени и 9 скока.

Противник на Македонија на стартот од разигрувањето ќе ѝ биде второпласираниот од групата Д, во која се Австрија, Норвешка, Португалија, Грузија и Велика Британија.