Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“. Оваа добра вест ја објави премиерот Мицкоски.
Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата.
Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место.
Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија.
,,Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша”, пишува Мицкоски кој дојде на власт по победата на парламентарните избори одржани во Мај минатата година.






