Македонија пак испраќа помош за Украина

Ова гo најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, на форумот во МНР по повод 75-годишнината од НАТО .



Владата денеска на затворена седница ќе донесе одлука за нов пакет помош за Украина, најави инисерот, дозанава Плусинфо.

Мисајловски рече дека Македонија ќе се приклучи на барањата од другите земји членки на Алијансата и на ЕУ да продолжи да го помага одвраќањето на руската агресија во Украина.

Министерот не прецизираше што ќе содржи помошта за Украина.

Тоа ќе биде соопштено по владината седница.

„Ќе продолжиме да помагаме. Затоа сме пријатели. Помош ќе има и во иднина според можностите на Македонија“, порача министерот за одбрана.(Плусинфо)