Денеска ќе биде сончево и многу топло со минимални температури во интервал од 14 до 22, а максималните ќе достигнат од 34 до 42 степена.
Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.
UV зрачењето ќе изнесува 10.
Во Скопје денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.






