Македонија е најголем успех на „Борисов 3“ во првите 100 дена

 

Во анализите за првите 100 дена владеење на третата влада на бугарскиот премиер Бојко Борисов неговите критичари велат дека единствен успех што тој го постигнал во овој период е потпишувањето на договорот со Македонија.



 

На Борисов му се забележува дека неговата влада не ја контролира целата територија на државата односно дека пристаништетот Росенец е под контрола на „Лукоил“ и на Русија а дека во Варна делови од градот се под контрола на локални моќници кои што се поврзани со Русија.

 

Неговите критичари велат дека една од причините зошто Бугарија не е дел од Шенген зоната е ваквиот начин на владеење во кое Русите имаат огромно влијание.

 

Генерален заклучок на владата на Борисов во првите 100 дена е дека освен договорот со Македонија кој што според сите е навистина многу важен, во другите политики Бугарија се соочува со состојби кои што се ризик за блиската иднина на земјата.

 

И во оценката за работата на министрите поединечно најдобро оценета е шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева и тоа само поради потпишаниот договор со Македонија.