Додека европските лидери , на прво место Германија продолжуваат да го набљудуваат регионот Русија го зголемува своето влијание пред се во енергетскиот сектор во Србија, а САД имаат обврска да го зголемат своето присуство на Балканот, вели во авторска колумна за агенцијата Стратфор Камерон Монтер, екс амбасадорот на САД во Белград.
Интересите на САД на Балканот се пред се, со косовските воени сили кои што се раководат од НАТО, вели америкснкиот дипломат според кого многу е важно луѓето во регионот да имаат јасна претстава и разбирање за последиците од зголеменото Кинеско влијание во регионот. Според него Кина ќе биде активна на Балканот во следните години.
За да има целосна стабилност на регионот потребна е поддршка од глобалните играчи, смета Монтер кој вели дека Македонија направила огромна работа со потпишувањето на договорот со Бугарија, со јасно изразената желба да го реши спорот со Грција и да ги подобри односите со Албанија.
Паралелно со напорите за добрососедство и соработка земјите во регионот мора да решаваат и други важни проблеми како миграцијата, национализмот и социјалните конфликти , смета дипломатот за кого доколку се намали вниманието на западните лидери за регионот тој лесно може да влезе во нова сериозна криза и нестабилност.
Монтер вели дека во првите 6 месеци од администрацијата на Трамп тој имаше 5 важни позиции за надворешната политика а ниедна од нив не беше за Балканот иако до неодамна целото светско внимание беше свртено на регионот, вели добриот познавач на Балканот кој предвидува внатрешни проблеми во Косово, Србија, Хрватска и Македонија.
Еден од главните проблеми за регионот според него е тоа што умните луѓе заминуваат во странство и со тоа не се исползува огромниот економски и човечки потенцијал што го има регионот.
-Сега главното прашање е дали европските лидери гледаат дека геополитичките проблеми и етничките тензии повторно излегуваат на површина и создаваат потенцијална опасност за регионот. Добра вест е што има напредок во економската помош од западот не не треба да се заборави дека и други фактори сакаат да извршат економско влијание на регионот, вели Монтер.
Кина според него покажува огромен интерес за инвестиции во инфраструктурата на Балканот со брзиот воз од Белград го Будимпешта а наскоро може да се очекуваат и инвестиции и за Јадранската магистрала, поврзување на Црна Гора со Албанија, Грција и Италија.
– Тие веќе го закупија пристаништето во Пиреја за да направат пат преку западниот Балкан до европските пазари, но земјите од регионот мора да бидат претпазливи со Кинеските инвестиции предупредува американскиот дипломат.





