Македонија е меѓу 11 земји што се главен извор на работници на црно во Германија, покрај Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Украина, Молдавија, Турција, Виетнам и Гана, пишува „Дојче веле“.
Според последните податоци, само во првата половина од минатата година во економскиот џин и двигател на Европска унија се покренати 65.755 постапки против нелегални работници.
Најдлабоки се црните дупки во градежништвото и во угостителството, поточно во рестораните и во хотелите.





