Македонија е меѓу ретките земји во Европа кои што минатата година забележале зголемување на населението.
Според последните податоци од Еуростат, Македонија минатата година го зголемила своето население за 0,12 % и сега има 2 милиони и 70 илјади жители кои што живеат во земјата.
Од балканските земји, Словенија има зголемување за 0,2 % а Црна Гора само 0,03 %.
Најголемо намалување на жители во ЕУ има Литванија која за 12 месеци загубила 1,42 % од вкупното население поради силниот тренд на миграции во побогатите членки на ЕУ.
Главните региони во Европа каде што е најголема миграцијата се Балтикот и Западен Балкан.

Хрватска во 2016 година загубила 40 илјади свои жители, Бугарија околу 35 илјади односно 0,73 % а Србија половина процент од своето население кое сега брои нешто над 7 милиони луѓе.
Земја со најмногу нови жители е Луксембург која сега има 2 % повеќе или вкупно 590,700 жители.
Најбројна европска држава е Германија со 16 % од вкупното население во ЕУ а најмала Малта до 0,1 %.
Според студија на ОН населението до крајот на векот ќе се намали во секоја земја на Источна Европа. Во 15 земји од централна и источна Европа до крајот на векот ќе има намалување на населението за 30 %. Најзагрозена земја ќе биде Молдавија која ќе загуби половина од своето население.
Според студијата Албанија, Бугарија, Полска и Летонија е загубат повеќе од 40 % од населението во следните 83 години.





