Македонија како петта ќе ја почне главната фаза на ракометниот мундијал

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе стартува од петтото место меѓу шесте селекции што ќе се натпреваруваат во групата од главната фаза во Вараждин за едно од првите две места што водат во четвртфиналето на 29. Светско првенство во Норвешка, Данска и Хрватска.



„Црвено-жолтите“ пренесоа еден бод од ремито со Унгарија на стартот и ќе почнат пред Катар, единствениот без бодови, со кој ќе се сретнат во второто коло во четврток од 15:30 часот.

Со четири бода, прва е Франција, на која македонските ракометари ќе ѝ излезат на мегдан в сабота од 20:30 ч., Унгарија е втора со три, а по два имаат Холандија и Австрија, првиот ривал на избраниците на селекторот Кирил Лазаров во вторник од 15:30 ч.