1. Дејан Геориевски го освои првото место во својата категорија на сениорското Европско првенство  одржано и денеска завршено во Софија. Осумнаесетгодишниот Георгиевски имаше пеколен пат до финалето и до победата патем победувајќи ги на стартот Италијанецот Матео Милани во првиот настап и Турчинот Сердар Јуксел во второто коло. Во четвртфиналето Дејан Георгиевски го совлада Чем Унлусој (Германија), а во полуфиналето го победи Михајло Шелест (Украина). Следеше финале и одлична борба на Дејан против огромниот фаворит Русинот Јури Кириченко. Но Георгиевски беше перфектен и по најавите со добрите настапи на Светското првенство во Сеул и освојувањето на балканската титула на шампионатот во Едрене, ова беше вистинска експлозија
    Текводното е олимписки спорт и со Дејан Георгиевски ние добиваме сериозен кандидат за игрите во Токио во 2020 година. Тој до Европското првенство беше на 120 место на листата на Светската теквондо федерација (ВТФ), но сега по златото во Софија ќе напредува на истата.