Македонија е рангирана на 84-то, во Светскиот извештај за среќа за 2024 година реализиран во 140 држави во партерство на Галуп, Истражувачкиoт центар на Оксфорд и Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој.
Од земјите во соседството и регионот, највисоко е рангирана Словенија (21-во место), Косово (29), Србија (37), Хрватска (63), Грција (64), БиХ (65), Црна Гора (76), Бугарија (81), а единствено Албанија (87) е подолу на листата од Македонија (84).
Истражувањето разгледува шест клучни варијабли за да помогне во објаснувањето на оценките: Бруто домашен производ (БДП) по глава на жител, социјална поддршка, здрав животен век, слободата да се прават животни избори, дарежливост и перцепции за корупција.
Првото место во рангирањето седум години по ред го држи Финска, а по неа во топ 10 земји според индексот на среќата се Данска, Исланд, Шведска, Израел, Холандија, Норвешка, Луксембург, Швајцарија, Австралија.
Најнесреќна земја во светот е Авганистан која остана на последното место, зад Либан и Лесото.






