Сите ние денес стоиме на темелите што ги граделе нашите предци. Темели изградени од жртва, од пот, од соништа што се претвориле во химна. Земја што многумина ја пееле, ја бранеле и ја сакале, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој во својата објава на социјалните мрежи посочи дека младите во државата се најголемата надеж и иднина.
„Македонија не е само географија. Македонија е идеја. Македонија е вера во утрешниот ден. Македонија е зрак што не се гаси.
Ги гледам младите на оваа земја. Во нивните очи гледам амбиција. Во нивните срца, неискажана љубов кон татковината. Тие се нашата иднина. Тие се нашата најголема надеж“ – напиша Мицкоски. https://www.facebook.com/share/v/16J6DUvHXB/






