На социјалните мрежи кружи видео во кое припадници на Армијата на Грција скандираат непријателски слогани кон соседите, меѓу кои и Македонија.
„Кипар е грчки, Македонија е грчка!“, е една од пораките на грчките војници на Денот на независноста 25 март, потсетувајќи на сличен испад по истиот повод пред 15 години, кога нуркачите од војската на јужниот сосед на воената парада за празникот извикуваа дека ќе правеле облека од кожата на „скопјаните“.






