БНР: Го одложува ли Македонија договорот за добрососедство?

„Сега останува да видиме дали ветувањата на Зоран Заев ќе бидат претворени во дела“, коментира Бугарското национално радио (БНР).



Треба да бидат разгледани некои теми од општ интерес кои се однесуваат не само за напредокот во односите меѓу двете земји, туку и за европската интеграција на Македонија. Тоа е продолжение на партнерството создадено меѓу владите по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство, вели новинарката Рајна Асенова.

Сè уште не е јасно кога ќе биде ратификуван Договорот за добрсоседство со Бугарија,пренесува БГНЕС, но се очекувало македонскиот парламент да го стори тоа следната недела.

Заев рече дека нема да има нови избори, бидејќи локалните одржани минатиот месец биле фер и демократски, додава новинарката, а тоа било признато и од меѓународните набљудувачи, пишува БНР.

Асенова вели дека Заев би можел да ја преиспита својата позиција, само ако се соочи со некакви пречки на патот на евроатлантските интеграции, но такво нешто не се очекува бидејќи има поддршката од албанските партии, односно има и мнозинство во парламентот.