Македонија во Вараждин го збриша екс светскиот вицешампион

Македонија на глобалниот ракометен самит во Вараждин го збриша екс светскиот вицешампион Катар. Македонија цело време водеше и на крајот рутински го победи сериозниот противник.



Македонската ракометна репрезентација ја запиша втората победа на Светското првенство, на вториот меч во главната рунда славеше против Катар со 39-34 (21-17).

Со овие два нови бода, нашите момци би можеле да се надеваат на пласман од 13-16 место на овој Мундијал.

Марко Кизиќ мечот го заврши со 11 одбрани, Никола Митревски запиша пет.

Во стрелачкиот дел одлично беа Кузмановски, Митев, Пешевски, Костески и неколку други меѓу кои и Марковски кој даде 3 гола.

Тимската игра и одличната физичка подготвеност беа главните адути во мечот.

Нашите ракометари добро го отворија мечот, по две украдени топки и два гола од контранапад, Македонија поведе со 3-1 после три минути игра.

Со сериозна игра така остана до крајот.

Следниот меч е со Франција во Сабота.

Поврзана содржина

Се е можно

Гувернерката на Народната банка ја информирала претседателката за економските состојби и проекции