Македонија се најде на делба на четвртото место меѓу најнесреќните земји во Европа, според медиумската платформа „Воронои“.
Со по 5,8 бода, Македонија и Грција се веднаш зад Украина со 4,7, Албанија со 5,4 и Бугарија со 5,6, а пред Русија, Унгарија, Црна Гора и Кипар со по 5,9 итн.
Осма година во низа Финска е најсреќната нација и на стариот континент, и воопшто во светот, со 7,7 бода, пред Данска и Исланд со по 7,5.
Испитаниците го оценуваат својот живот на скала од 0 до 10. Рангирањето се заснова на фактори како што се бруто домашен производ по жител, здрав животен век, социјална поддршка, слобода да се прават животни избори, дарежливост (мерено со добротворни акции) и перцепција за корупција.
Извештајот, исто така, ја разгледува емоционалната благосостојба користејќи мерки за позитивно и негативно влијание, како што се смеа, анксиозност и тага.





