Македонецот што работи на ракетата SpaceX до професорот Дескоски: Што направи ти освен што се ожени за министерка од СДСМ?

Македонецот Роберт Милески кој од Германија се врати во Македонија кој што работи на ракетата SpaceX на Илон Маск испровоциран од навредите од професорот Тони Дескоски упатува јавно прашање до него.



Милески, за кого Дескоски на Фејсбук напиша дека го заморувал со нискоинтелектуални глупости сега го прашува професорот што направил за Македонија освен што се оженил за министерка од СДСМ?

Тони Дескоски е сопруг на професорката Рената Дескоска екс министерката за правда и образование од СДСМ во чие време беше сменето името.

Во објавата во која Милески не е нималку нежен тој одговара прилично директно на навредите од Дескоски.

,,Професорот Тони Дескоски, високопочитуваното говедо, за мене ќе рече:

Би замолил да не ме заморувате во вашите нискоинтелектни глупости понатаму. А досегашната комуникација нека остане како сведоштво на вашиот примитивизам, глупост и незнаење. Редно е да се знае кој всушност сте и што акал имате.

Јас? Кој акал го имам? Арно ама јас со мојов акал лично измислив секвенционирање на ДНК за 5,6 секунди, што денес како алгоритам го користат буквално СИТЕ компании кои што произведуваат медицински инструменти.

Во меѓувреме помогнав при смислување на начинот на успешно фаќање на ракетата на SpaceX, за првпат во историјата на вселенски патувања.

Додека пишувам вакви постови на фејсбук, работам непосредно на одвраќање на отпорот на планетата Марс, за да можеме за една година успешно да слетаме летало таму.

И на сите мои изуми пишува – МЕЈД ИН МАСЕДОНИА!

Е сега да прашам. Што ТИ БЕ ГО*НО ЕДНО ОСТВАРИ ВО ЖИВОТОТ за да ми се обраќаш на таков начин? Што? Што ти имаш постигнато во животот освен што се ожени за позната министерка од СДС, за јавноста да може да те препознае?

Имаш коментар бе говедо едно лево-воук-докторопрофесорско од Уким?

Еве чекам да ми кажеш за твоите пронајдоци.. хахахха”, пишува Милески.

Преходно Дескоски во дискусија за половите и трансексуалност го навреди Милески нарекувајќи го примитивен глуп и незнајко.

Најчитани статии

Поддршка што драматично може да ги намали тензиите во Македонија

Хајредини: Албанците треба да ја поддржат одлуката на Македонците за идентитетските прашања