Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Ти Џеј Шортс, беше најкорисниот играч на натпреварот од фазата плеј-ин во Евролигата во Мадрид, кадешто дебитантот Париз го совлада Реал со 81:73 и избори плеј-оф со Фенербахче во својата дебитантска сезона во елитното натпреварување.



Американецот со македонски пасош оствари перформанс 27 како најефикасен во мечот со 23 поени, на кои додаде 9 асистенции, исто така најмногу во средбата, во која беше во игра 30:46 минути.

Бекот на парижаните биеше 7/12 за два поена, 1/5 за тројка и 6/7 од слободни фрлања, а запиша и 2 скока, а над него беа направени 9 прекршоци, најмногу врз еден играч во натпреварот одигран пред 11.086 гледачи.