Обвинителството во Мадрид побара затворска казна за осум сменети членови на каталонската регионална влада поради нивната улога на контроверзниот референдум за независност на Каталонија.
Тие беа сослушани утрово пред судот во Мадрид, под обвинение за бунт, поттикнување непослушност и злоупотреба на јавни средства за спроведување на нелегален референдум на 1 октомври.
Сменетиот каталонски претседател Карлес Пуџдемон и четворица други министри не се појавија пред судот затоа што избегаа во Брисел.
Шпанија ќе покрене европска потерница за Пуџдемон и за неговите четворица министри.





