Американската пејачка и актерка на Инстаграм профил ги подржа студентските протести во Сббија против „режимот“ на Александар Вучиќ
„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека во моментов во Србија се одржува еден од најголемите студентски протести од 1968 година“, пишува во објавата што ја сподели Мадона се посочува дека луѓето на улиците во Србија бараат системски промени и „помалку“ корупција во владата.
Професорите и наставниците им се придружија на студентите во нивните протести и владата им се заканува со отказ. „Ова е сериозен проблем“, оценува Мадона.
„Треба да ја објавиме оваа ситуација и да ги поддржиме студентите и луѓето во Србија, стоиме зад Србија“, стои во објавата споделена на Инстаграм профилот на Мадона.






