Ова мало темно-зелено растение кое го има во градините, продавниците и чиниите со салата во секое македонско домаќинство, има убав вкус и широка палета на примени во нашата традиционална кујна. Оваа билка иста така на големо се користи и во медитеранската кујна, источна Европа, како и во американската кујна.
Постојат неколку култивирани видови на магдонос кои се одгледуваат низ Европа. Италијанскиот магдонос е популарен во земјите на Медитеранот и има многу посилен вкус од другите видови.

Ако сакате здраво срце и природен лек против стареење на телото, се што ви треба е магдонос.Совршениот додаток за секое јадење и за највкусните супи, како и чаеви, е одличен извор на витамин Ц, бидејќи на 100 грама магдонос има 160 грама витамин Ц.
Помага за здраво срце, борба против кардиоваскуларни болести, помага да го стопите салото на стомакот, а и за борбата со слободни радикали.
Има и витамини А и К во себе.





