„Тие луѓе не бараат амнестија, туку правда. Јас се залагам за правда, а тоа е надлежност на обвинителството. Можеме и други случаи да разгледуваме да видиме кои се политичкит монтирани“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ24 за осудените за настаните на 27 април.



Премиерот рече дека нема да прави работи кои ги правела претходната власт и дека ако до него стигне некој документ за било каква незаконска регуларност тој ќе биде истражен и тоа нема да биде проследено со упади во домови.