Новиот Светски првак во Формула 1 ќе потпише нов договор со својата екипа кој ќе му донесе годишна плата од близу 50 милиони долари. Луис Хамилтон в недела на трката во Абу Даби на завршницата од Формула 1 сезоната ќе има само промотивно возење зошто 4 титула е веќе обезбедена, но во Мерцедес не мируваат и сакаат да потпишат продолжение на договорот кој трае уште една година, до крајот на 2018.
Германскиот тим нема да жали средства и подготвува понуда од близу 50 милиони долари по сезона, и тоа за нови три, што ќе го направи Британецот еден од најплатените спортисти на светот. Имено во моментов Хамилтон е десетти на листата на Форбс, а со нов потпис ќе скокне напред според средствата што ќе ги добива на име плата.
Хамилтон до сега добиваше 36 милиони, а поголемиот дел од парите (преку 50 милиони долари) ги заработуваше од рекламирањето.




