Како што вечерва јави црногорскиот портал Handballme.me извонредниот бек шутер на европскиот првак бил дел од сообраќајка во непосредна близина на Цетиње по што се извлекол со полесни повреди. Всушност нема детали за природата на повредите, но во информацијата се вели дека Вуко Борозан најверојатно ќе го пропушти Европското првенство во Хрватска од 12 јануари. Интересно Црна Гора е во групата Ц заедно со Македонија и нашиот меч е предвиден за 15 јануари во Загреб.
Ако се покаже точно предвидувањето околу отсуството тоа ќе биде голем хендикеп за нив и огромен плус за нашата репрезенатција зошто Црногорците немаат друг ракометар од таков профил и квалитет за што можеби најдобро зборува и наградата за најдобар спортист на земјата на Јадранот за 2017 години.
Борозан инаку пред десетина дена и се ожени со долгогодишната врска Ива.