Новото ремек дело на ирската танцувачка трупа ќе дојде и во нашиот главен град. Настапот е закажан за 11 април следната година и ќе се случи во арената Борис Трајковски. „Лорд од д денс“ има нов музичко-сценски спектакл кој „разнесува“ по светот, а најдобар доказ се 21 распродаден концерт на Вембли во Лондон во текот на оваа година. За ова рекордно шоу да се види треба навреме да се обезбедат билети, а тие ќе се продаваат од 1 ноември.