Битола одново стана уметнички епицентар на Македонија со акцент, секако, на филмската уметност. Причина за тоа е почетокот на 38. издание на фестивалот на фимската камера „Браќа Манаки“.
Филмот „До крајот на времето“ од Милчо Манчевски синоќа беше прикажан на почетокот на фестивалот на кој главните почести односно наградата за животно дело „Камера 300“ годинава оди во рацете на кинематографите Пјер Лон и Џузепе Ротуно.




