По денешниот бран воздушни напади против Украина, само 48 часови по смртоносниот терористички напад во Москва, Лондон го предупреди рускиот претседател да не го искористи тоа како изговор за да ја интензивира својата нелегална војна во Украина, пишува „The Telegraph“.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, а тоа го потврдија и САД, додека Украина негираше вмешаност …
Но, во петминутното видео, по масакрот во концертната сала во која имаше над 1оо загинати и исто толку повредени Путин рече дека напаѓачите се обиделе да побегнат во Украина.
„Беа пронајдени и приведени сите четворица директни извршители на терористичкиот напад, сите кои пукаа и убиваа луѓе. Тие се обиделе да се скријат и се упатиле кон Украина, каде според првичните податоци им бил подготвен безбеден премин на украинска страна. да ја премине државната граница. Вкупно 11 лица се приведени“, рече Путин, нарекувајќи ги напаѓачите „нацисти“.
Безбедносниот извор на Телеграф од Вајтхол рече дека „очајот на Путин да ѝ се припише сето тоа на Украина не е изненадувачки бидејќи тој се обидува дополнително да го измами рускиот народ преправајќи се дека нема несогласување во Русија“.
„Тој не смее да користи вакви односи како изговор за да ја интензивира својата нелегална војна во Украина“, рече изворот.
Алиша Кернс, претседателка на Комитетот за надворешни работи на британскиот долен Дом, рече дека „лажни видеа на украински официјални претставници веќе кружат на руските медиумски канали во обид да се обвини Украина и да му обезбеди одбрана на Путин за воените злосторства што ги врши во Украина или, уште полошо, како изговор за натамошни злосторства“.
„Нема индикации за какви било врски со Украина или каква било веродостојна причина да се сугерира нивна вмешаност“, рече таа.
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека стравува дека целта на обвинувањата е „да се предизвика антиукраинска хистерија во руското општество, да се создадат услови за зајакнување на мобилизацијата на руските граѓани за учество во криминална агресија против (украинската) држава“.






