Лондон бара поддршка од САД за мир во Украина

 

 

Британскиот премиер Кир Стармер ги повика САД да обезбедат „поддршка“ за безбедноста на сите идни европски мировници во Украина, велејќи дека само така Киев ќе добие траен мир, а не привремен прекин на огнот.



Пред да замине за Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, Стармер повтори дека Британија ќе ја „игра нашата улога“ во каква било мировна улога во Украина, но тоа може да го направи само со некаква поддршка од Соединетите држави, објави Ројтерс.

Откако Трамп се откажа од по-пријателскиот пристап на Вашингтон кон Украина во војната со Русија, Велика Британија и другите европски земји се обидоа да претстават обединет фронт и ги зголемија своите дипломатски напори за поддршка на Киев.

Но, сè уште има разлики околу можното идно распоредување на војници во Украина, при што некои европски земји, вклучително и Франција, се подготвени да го сторат тоа, додека други, како Полска, го отфрлаат тоа.

Русија повторно соопшти дека не може да прифати „никакви опции“ за испраќање европски мировници во Украина.