Металург го победи Спортинг со 28-27 и дојде до првите бодови од третиот обид во групата Д. Тежок натпревар како што можеше и да се очекува, и триумф граден низ сите 60 минути. По изедначениот вовед, 4 разлика беа создадени во финишот на првото полувремето, и тоа на крајот се покажа клучно иако тоа не ги обезбеди, не ги донесе бодовите веднаш туку четата на Лино Червар за неа се испоти машки и издржа притисок и во вторите 30 минути. Потоа во Борис Трајковски беше и резултатски климаво, но на Португалците не им беше дозволено да изедначат во ниту еден миг, а се што Металург правеше на крајот и се исплати.



Арсиќ имаше 12 одбрани, Кузмановски 6, Палевски, 5, а Јагањац и Анѓелиќ по 4 гола. Металург во следната рунда, на 8 октомври гостува кај Мотор.