Познатиот германски бренд е заинтересиран за отворање на маркети на две локации во Штип.
„На потегот кај булеварот „Партизанска“ веќе се работи на земјените работи, а втората локација од она што го добивме како информација од страна на оваа компанија е дека преговараат со сопственикот на објектот на Автобуската станица“ соопшти вчера за новинарите градоначалникот Иван Јорданов.
„Информациите исто така говорат дека Автобуската станица делумно ќе остане овде, нема да се дислоцира.
Така да на еден дел на оваа површина најверојатно ќе се постави соодветен објект, каде што ќе биде и вториот маркет на „Лидл“, вели Јорданов.






