Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека актуелниот претседател Стево Пендаровски е сериозен кандидат, но дека во партијата се разговара но нема дефинитивен кандидат за претседател.
Партиските органи ќе го кажат последниот збор, вели Ковачевски.
Прашан дали СДСМ има и други кандидати кои сакаат да се сместат во Вила Водно – нема одговор.
„Во однос на другите кандидати, можам на сите да им посакам успех. Да посакам фер и демократска кампања“, кажа Ковачевски.
Партиските органи на СДСМ ќе заседаваат идните денови, најави Ковачевски.





