Лидерите на Западен Балкан во понеделник кај Могерини

Шефизата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ги покани лидерите на земјите од Западен Балкан на неформално работно вечера во Брисел, во понеделник.



Според агенцијата Бета која се повикува на дипломатските извори во Брисел, поканети се премиерите  на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Македонија.

Пред заедничката работна вечера, Могерини предвидела да има кратки билатерални средби со секој од поканетите гости.