Лидерката на француската екстремна десница Марин ле Пен вечерва ја поздрави одлуката на претседателот Емануел Макрон за одржување нови парламентарни избори во таа земја, откако неговата партија Преродба доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент.
„Подготвени сме да ја преземеме власта доколку Французите ни дадат доверба на претстојните национални избори“, рече Ле Пен, пренесе Ројтерс.
Вечерва Макрон објави дека ја распушта владата на земјата и најави парламентарни избори за 30 јуни и 7 јули.






