Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата во Ранковце на судијката Даниела Алексовска, која го спаси возачот-убиец Васил од затвор за дрога!

„Штаб на СДС е сместен во куќата на судијката Даниела Алексовска-Стојановска, која го спасила возачот убиец Васил Јованов од затвор за дрога. Тоа се потврдува од фотографиите на куќата, сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска-Стојановска, во која е сместен штабот на СДС во Ранковце. Судијата Даниела Алексовска-Стојановска, која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце!“ – обвини пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција.



Лефков нагласи: Близината на судијката Даниела Алексовска-Стојановска со СДС се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на СДС им отстапила простор за партиски штаб. Очигледна е симпатијата на судијката Алексовска-Стојановска кон оваа партија, штом се дрзнала како судијка да отстапи простор за за ницен партиски штаб во нејзиниот дом. Ова се судиите на СДС, поради кои се потребни итни реформи во судството. Мора да има одговорност за слепите послушници на СДС во правосудството, кои зацрнија цели семејства!