„Откако стана претседател Пендаровски заборави што ветувал во кампања и го помилува Бедри Зекири, еден од водачите на нарко кланот „Барон“, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ им потсети дека
„Пендаровски нема едно ветување кое го одржа. Се што вети Пендаровски погази.
Нема една работа која Пендаровски ја ветил, а да ја исполнил, нема еден став кој го заземал, а да го додржал.
Пендаровски дојде на власта јавајќи на бранот „нема правда, нема мир“ за на крај да заврши како алатка за помилување на криминалци.
И не само што ги помилуваше, Пендаровски можеше да се види и во друштво на познати нарко дилери како сега убиениот Орхан Бајрами Оки“, вели Лефков.
Пендаровски, оценува тој, не може да излезе од криминалната матрица на СДС“, рече Лефков.





