На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на претстојните избори, изјави претеникот Миле Лефков кој изрази надеж дека од ДУИ нема да се откажат од барањето што сами го покренаа, поразените партии, да се пензионираат од политиката.



ВРЕДИ до ДУИ: Изберете нотар да потпишете дека си заминувате!

„Засега е нејасно дали изјавата на Крешник беше негов личен став и иницијатива или партиски став на ДУИ“, рече пратеникот запрашан за коментар за предлогот на министерот Бектеши партиите да потпишат договор, кој ќе ги изгуби изборите веќе да не се занимавасо политика.

Според него, очигледно е дека има струја во ДУИ која најавува и посакува крај на политичката кариера на Ахмети.

„Ние нема да се противиме околу тоа, напротив единствената партија покрај СДС која нема длабоки реформи е токму ДУИ, рече Лефков.

„Што се однесува до самата понуда, за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека е наредниот победник благодарение на поддршката на граѓаните и желбата за промени“ рече пратеникот.