„Летал“ со 193 км/ч на автопатот Скопје-Тетово

Дури 128 прекршоци за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење констатирале вчера полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).Тетово Гостивар со над



„За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица.

На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од слобода бил лишен М.Б.(47) од с.Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило ‘ровер’ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час.

На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило ‘пежо’ со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час.

Исто така, кај наплатната станица Желино од слобода бил лишен А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило ‘ауди’ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час.

На автопатот Скопје-Тетово, кај местото ‘Студена вода’ од слобода бил лишен В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило ‘ауди’  со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и

С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило ‘фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час.

Додека, на патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ‘бмв’ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и

Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило ‘фолксваген пасат’ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час“, информираше МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик.