Во овој период од годината е најдобро да имате лесна исхрана и истата уште полесно да ја зготвите, а таа без многу вртење околу шпоретот да се најде на ваша трпеза. Еве еден таков, лесен, брз, вкусен.



Состојки:

-200 грама ориз

-125 грама моцарела

-30 грама пармезан

-2 главици кромид

-400 грама домати

-1 главица лук

-125 милилитри бело вино

-1 мала лажица црн пипер

-сол

-3 лажици маслиново масло

-магдонос

Подготовка:

На загреано маслиново масло додадете го ситно сецканиот кромид и пржете го додека не омекне, а потоа додадете го пасираниот лук, па уште малку пржете. Додадете го оризот и оставете зрната да ја впијат маснотијата, а потоа додадете ги доматите (свежи или од конзерва).

Варете додека не почне да врие, а потоа намалете ја силата на огнот и варете 20. минути додека оризот не ја впие целата течноста. Додадете го виното и пармезанот, па варете уште 10. минути, тргнете го оризот од оганот и веднаш потоа се подготвени за оброкот.