Осумнаесетгодишното момче кое завчера беше нападнато од две непознати лица на автобуската станица „Рекорд“ во центарот на Скопје а кое до денеска беше во критична состојба е во стабилна состојба.
Момчето кое е сместено на одделот за интензивна нега на КАРИЛ при Ургентниот центар во Скопје попладнево благодарение на напорите на медицнискиот персонал е вон критична состојба, објавија негови роднини.
Момчето беше жртва на напаѓачи кои со остар предмет му нанеле убодни рани во стомакот по што биле предизвикани повреди и на црниот дроб.
Инцидентот се случил завчера околу 12.40 часот а полицијата сеуште нема приведени осомничени за нападот.
Членови на навивачката група Комити објавија дека момчето е нивни член и дека се работи за напад од страна на членови на навивачката група Шверцери.





