Иницијатива против посебни привилегии за функционери

Еден аршин за функционерите, друг за сите останати, е причината поради која партијата Левица бара во иднина да нема дискриминација меѓу различни категории граѓани.



„Л-апанажата претставува отворено законско привилегирање на функционерите во однос на сите останати граѓани во Македонија. Затоа, ги повикуваме пратениците во Собранието на РМ под итно да извршат промени во Законот за плати и придонеси на функционерите и да го укинат привилегирањето по основ на примањето л-апанажа!“, велат претставници на Левица.

За нив е дискриминација функционерите да добиваат далеку поголеми бенефиции од оние што го создаваат бруто домашниот производ.