Лидерот на Левица Димитар Апасиев кој очекува 120.000 освоени гласови на парламентарните избори на 8-ми мај кои би му донеле, според негови зборови, од 10 до 12 пратениќки места , вели дека партијта нема да бара министерски ресор во идната влада, туку дека го посакуваат местото претседател на ѐСобранието.



“Мојот сопартиец и сопратеник Борис Крмов е „печен“ за да седне на спикерското столче, а јас лично немам интерес за таа позиција. Така што, најверојатно Крмов би го седнале таму“, вели лидерот на Левица за Плусинфо.

„Новинарите ме прашаа кој ресор би го барале за да учествуваме во формирањето на идната влада. А јас им одговорив дека не бараме ресор, туку дека ќе бараме спикер во Собранието.

„Тоа е многу моќна функција и не за џабе Никола Груевски никогаш не ја даде. Таа е единствената незаменлива позиција. На пример, според Уставот, вие немате кој друг да свика собраниска седница освен претседателот на Собранието. И џабе вие имате мнозинство во Парламентот ако го немате спикерот. Така што, тоа е многу моќна и интересна позиција. Практично, го контролирате целиот законодавен процес преку само еден човек. Спикерската функција е многу помоќна од која било друга министерска позиција“, рече Апасиев во поткастот на Плусинфо.