Пратеничката Благица Ласовска од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека се крајно запрепастувачки информациите за случајот со сомнителниот мазут. Според неа, вмешаните во тој случај треба да одговараат за геноцид. „Овие луѓе, што го правеле тоа, дословно немаат ништо човечко во себе и тие треба да одговараат за геноцид. Ова е геноцид врз здравјето на граѓаните.“ – нагласи Ласовска.
ТВ 21 наведува: Пратеничката Ласовска посочи дека селективноста во донесувањето одлука за притвор и мерката на претпазливост е само уште една причина тие како власт да продолжат со борбата против криминалот и корупцијата. „Имате еден определено мерка притвор, а другиот мерка на претпазливост и како очекувате граѓаните да имаат доверба во судот?“ – додаде Ласовска.
Home Македонија Ласовска: Вмешаните во случајот со сомнителниот мазут треба да одговараат за геноцид...





